НОВОГОДИШНИ ЧЕСТИТКИ – ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ

PDF



Полугодишен извештај за работата на СОС телефонот за деца и млади - 2021 година

 

+389 (0)70 390 632

+389 (0)2 2465 316

sos@childrensembassy.org.mk

https://www.facebook.com/megjashi/ 

 http://www.childrensembassy.org.mk/

Работата на СОС телефонот е цврсто заснована на принципите на Конвенцијата на ООН за правата на детето што ги истакнуваат правата на децата на приватност и заштита од повреда. Целта на СОС телефонот за деца и млади е да обезбеди поддршка на децата кои имаат потреба, да обезбеди форум за споделување информации и поддршка, поддршка при застапување и лобирање, промовирање на правата на детето и промоција на СОС линијата како медиум за поддршка на децата.

Меѓаши е членка на глобалната мрежа на СОС-линии Child Helpline International (CHI), и во својата работа ја користи методолигијата на евиденција на мрежата. Меѓаши учествува во годишните анкети што ги спроведува CHI меѓу своите членки врз чија основа потоа подготвува извештај што може да послужи како аргументирана алатка за застапување на детските права пред владите, како и да ја унапреди работата на линиите, членки на мрежата.

 

Резиме на дојавите

  

Во текот на првата половина од 2021 година, на СОС линијата за деца и млади решавани се вкупно 151 случаи (дојави). Со овие случаи остварена се дополнителни контакти, со цел да бидеме во постојана комуникација и тек со настаните во решавањето на проблемот.

Вкупно 223 деца и млади се опфатени со дојавите, а од нив 99 се машки, 100 женски деца, а за 24 деца не е познат полот. Споредбено со првата половина од 2019 година (50 дојави) и 2020 година (115), бројот на дојавите е зголемен за три пати во однос на 2019, односно за една третина во однос на 2020 г.

 

Број на дојави/предмети (случаи)

Број на деца опфатени во дојавите/предметите

Број на остварени повратни контакти со дојавите

151

223

226

 

И оваа година административниот (фиксен) број на Детската амбасада Меѓаши беше најчесто користен канал за комуникација, поточно примени се 133 дојави преку овој број.

                Најголемиот број од децата или 197 живеат во урбана средина,  а 20 деца живеат во рурална средина, непознато 6. Бројот на јавувачите од руралните средини, како и во претходните години, останува многу мал во однос на бројот на јавувачите од урбаните средини. Меѓу можните причини за ова може да е неинформираноста на луѓето коишто живеат во руралните средини во врска со правата на децата, начинот и постапката за нивна заштита, како и недоволното промовирање на СОС-линијата во овие средини. Секако, меѓу причините е и фактот дека најголем дел од населението живее во урбана средина.

 

                За 223 деца постои можно прекршување на едно или повеќе детски права. Најчестите прекршувања се однесуваат на категоријата семејни односи (прекршување на правото на детето за видување со едниот родител при бракоразводни постапки и непочитување на решенијата од центрите за социјална работа), а веднаш потоа се пријавите за прекршувањата на правата на детето при насилство (меѓуврсничко насилство (булинг), физичко насилство, ментално/емоционално насилство, занемарување (негрижа), сексуално насилство). На трето место по зачестеност е прекршување на правото на пристапност до институции, социјални, здравствени и други услуги, потоа проблеми поврзани со ментално здравје, училиште и физичко здравје. Кај голем дел од дојавите се пријавениот проблем е комплексен и може да се регистрира во повеќе категории, со што бројот на засегнати деца по категорија на проблем е поголем од бројот на деца кои се опфатени на кои се однесуваат дојавите бидејќи едно дете се брои повеќе од една, односно од бројот на категории во кое е регистриран проблемот.

 

Првите најчести прекршувања на правата на детето според категоријата на проблемот на кој се однесува дојавата

 

 

 

 

                Повторувањето на прекршувањето на правото на видување на двајцата родители во континуитет во последните неколку години и опстојувањето на врвот од проблемите заради кои се јавуваат на СОС телефонот е една од причините заради кои Детската амбасада Меѓаши заедно со Народниот правобранител даде и два поддршка на Иницијативата за заедничко и споделено родителство и нивните активности. Особено сме загрижени за синдромот на отуѓено дете што се јавува кај децата на разведени родители, зашто има сериозни последици врз развојот на овие деца и нивната личност. Тесно поврзано со овој проблем и е проблемот на грабнување на детето од страна на еден од родителите кои се разведени, проблем кој прв пат по подолго време беше неколку пати пријавен на СОС телефонот во првата половина од 2021 година. Детската амбасада Меѓаши долго време лобираше и се залагаше за примена на Хашката Конвенција за граѓанско правни аспекти на меѓународно грабнување на деца, којашто Македонија ја потпиша во 1991 година. Оттаму во случаите на грабнување деца од еден родител, надлежните се обврзани да постапуваат согласно Конвенцијата и на тој начин да придонесат во насока на почитување на најдобриот интерес на детето.



Лајкамобајл во партнерство со Меѓаши и повеќе општини обезбеди бесплатен мобилен интернет за 2,000 ученици со потешкотии во следење на онлајн наставата

 

 

Лајкамобајл во соработка со Првата детска амбасада во светот Меѓаши  започнаа акција за помош и поддршка на ученици од основните и средните училишта кои немаат соодветен пристап до интернет поради социјалната состојба во која се наоѓаат и не се во можност редовно да ја следат наставата на далечина до крајот на оваа учебната година.

За оваа цел Лајкамобаjл донира 2000 СИМ картички со тарифен пакет Mega Data кој вклучува интернет од 20 Гигабајти месечно, којшто учениците може да го користат бесплатно и без дополнителни трошоци секој од следните месеци до крајот на јуни 2021 година. Со оваа активност ќе бидат опфатени вкупно 2000 ученици на кои им е неопходен непречен и брз пристап до интернет, во над 50 основни и средни училишта од следните општини: Гази Баба и Аеродром Скопје, Дебар, Гостивар, Маврово и Ростуше, Велес, Виница, Берово, Битола, Охрид, Шуто Оризари, Куманово и Македонски Брод. Реализацијата на донацијата е во тек.

 

 

„Горд сум што можам да го најавам овој проект во кој учествуваме заедно со Детската амбасада Меѓаши. Во период кога предизвиците од Ковид кризата се сè поголеми и кога на секој ученик му е потребен гигабајт повеќе, на овој начин сакаме да се осигураме дека и децата на кои им е најпотребна поддршка, да можат непречено да продолжат да ја следат онлајн наставата до крајот на учебната година и да постигнат најдобри успеси и знаења.Исто така веруваме дека ќе бидеме во можност проектот да го продолжиме и на почетокот на следната учебна година со цел да ги ублажиме последиците од тековната пандемија.” – изјави генералниот менаџер на Лајкамобајл Македонија, г-дин Владимир Николиќ.

 

„Секоја граѓанска акција која е поддржана од општествено одговорна компанија, како што во овој случај е Лајкамобајл, особено во криза, за време на пандемија кога за жал не може секое дете да оствари квалитетно далечинско учење со брз интернет и основни помагала за следење на истата, е од особена важност. Наша клучна задача е да им помогнеме на ранливите категории семејства, поточно на децата кои немаат пристап до интернет и да им овозможиме еднакви можности за пристап до образованието. Со оваа активност иницираме и поттикнуваме враќање на вредностите на филантропија, солидарност и емпатија, во време кога тие се неопходни “ – изјави Драги Змијанац, основач и претседател на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ.




ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2020 год.
 СОС-ЛИНИЈА ЗА ДЕЦА И МЛАДИ

ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 

 

02 2465 316, 070 390 632

sos@childrensembassy.org.mkinfo@childrensembassy.org.mk,

fb – first children`s embassy in the world

https://www.facebook.com/megjashi/

http://www.childrensembassy.org.mk/

 

Подготвиле:      Виолета Илиоска, психолог на СОС-линијата и

Јорданка Черепналкова-Трајкоска,  координаторка на СОС-линијата

 

Овој извештај е финансиски поддржан од Владата на Шведска. Одговорноста за содржината целосно ја сноси Меѓаши. Владата на Шведска не мора да ги споделува изразените ставови и толкувања.

Годишен извештај за работата на СОС- линијата за деца и млади

 

 

БЛАГОДАРНОСТ              

 

          Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија  и посебно тимот на СОС-телефонот за деца и млади упатува искрена благодарност до сите што ни укажаа доверба во текот на оваа специфична година за човештвото, обраќајќи ни се за проблеми што ги засегаат децата и младите. Им благодариме што нè препознаваат како место на кое може да бидат слушнати, разбрани и советувани и со тоа ни овозможуваат да ја остваруваме нашата мисија како организација, а тоа е да создаваме подобар свет за секое дете.

          Посебна благодарност оддаваме и на нашите минати и сегашни волонтерки и волонтери кои несебично ги посветуваат своите способности, знаење и време во работата на СОС-телефонот.

Упатуваме благодарност и до сите наши соработници до кои се обративме во текот на давањето поддршка на нашите јавувачи за посоодветен совет, поддршка или решение. Без намера некого да испуштиме, се заблагодаруваме на Коалицијата за правично судење, Македонското здружение на млади правници, Кризниот центар Надеж, Редот на милосрдните сестри на Мајка Тереза, ЈУМЦСР Скопје и посебно интервентниот тим, СВР Скопје, СВР Охрид, Народниот правобранител.

повеќе...



Алтернативен извештај  за состојбата со правата на децата во Македонија подготвен од невладините организации

Македонска национална коалиција за правата на детето

Скопје, декември 2020 година

ПРЕДГОВОР

На самиот почеток, за потсетување, Конвенцијата за правата на детето (КПД) беше усвоена од Генералното собрание на ОН на 20.11.1989, стапи на сила на 2.9.1990, а Македонија ја ратификува во 1993 година. Пред вас е Алтернативниот извештај на невладините организации за спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето во Македонија во периодот од 2010 до првата половина на 2020 година. Извештајот е подготвен од неформалната коалиција – Македонска национална коалиција за правата на детето, Коалиција на невладини организации за правата на детето, како и неколку организации кои сè уште не се дел од Коалицијата. Коалицијата е основана и координирана од страна на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, а во неа освен граѓански организации, членуваат и неформални групи.

Во 2010 година, по разгледувањето на вториот периодичен извештај, Комитетот на Обединетите нации за правата на детето ги објави Заклучните согледувања за државата, во кои укажа на сè што е потребно да се преземе за да се унапредат правата на децата во Македонија. По добивањето на заклучните согледувања, Детската амбасада Меѓаши заедно со дел од организациите − членки на Коалицијата, го следеше степенот на примената на препораките од Комитетот, а во текот на 2020 година спроведе онлајн-истражување во кое учество зедоа повеќе од 30 организации и доби податоци кои помогнаа во добивањето на објективна слика за состојбата со правата на детето во Македонија.

Она што го сметаме за посебно важно е дека децата и младите беа активно вклучени во подготовката и спроведувањето на онлајн-истражување од децата за децата, како и во подготовката на посебен Детски алтернативен извештај за состојбата со правата на детето.

Важно е да се истакне дека овој Алтернативен извештај е резултат на повеќегодишните напори на организациите, членки на Коалицијата, во следење на примената на Конвенцијата за правата на детето во Македонија. Освен извештаите кои беа направени претходните години, во овој извештај се вклучени и дополнителни податоци од истражувањата, клучни информации од невладините организации за области во кои државниот извештај не дава доволно податоци за области кои не се опфатени или области кои се опфатени, но според мислењето на невладините организации не во целост точни, како и предлози и сугестии за унапредување на состојбата. Извештајот дава пресек на состојбата со примената на препораките на Комитетот, 10 години по нивното усвојување.

Гордана Пирковска-Змијанац

Прва детска амбасада во светот Меѓаши 

ЛИСТА НА ОРГАНИЗАЦИИ Овој извештај ги отсликува мислењата и ставовите на организациите кои придонесоа за овој извештај. Сепак, не нужно претставува консензус помеѓу организациите во сите погледи или пак детално ги прикажува ставовите на секоја организација. Им благодариме на следните организации и неформални инцијативи кои придонесоа за извештајот:

Асоцијација за демократска иницијатива - АДИ

Асоцијација за правата на деца и младинци со посебни потреби „Ластовица“

Граѓанска иницијатива за Заедничко и одговорно родителство по развод

Движење за чист воздух

Движењето мајкa и дете

Здружение „Емоционално здраво детство“

Здружение за заштита на правата на детето

Здружение за психолошки, дефектолошки и логопедски услуги „Центар Савант“

Здружение „МИР“ −Скопје

Здружение на граѓани за поддршка на маргинализирани групи „Ромски ресурсен центар“ Скопје

Здружение на граѓани за промовирање и зачувување на културните и духовните вредности – Легис, Скопје

Здружение на граѓани РУБИКОН – Скопје

Здружение на родители на деца со ретки невролошки болести (Ретт Синдром, Вилијамс синдром и др.) КОКИЧИЊА − Скопје

Здружение ОД НАС ЗА НАС − Скопје

Здружение Сплотени срца − Штип

ИМПЕТУС - Центар за интернет, развој и добро управување

Клик Акција

Коалиција МАРГИНИ

Коалиција на младински организации СЕГА*

Коалиција „Сите за правично судење“

Македонско здружение на млади правници

Мировна акција / Aksioni Paqësor / Peace Action

Национална алијанса за ретки болести на Р. Македонија - НАРБМ

Отворена Порта-Ла Страда Македонија*

Полио Плус –движење против хендикеп

Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби

Фондација за образовни и културни иницијативи "чекор по чекор"- Македонија

ХЕРА-Асоцијација за здравствена едукација и истражување

Црвен крст на град Скопје

Центар за интеркултурен дијалог

Центар за семејно и детско згрижување - КМОП Скопје

Центар за човекови права АМОС Битола

Повеќе...



АЛТЕРНАТИВЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ПРАВАТА НА ДЕЦАТА ВО МАКЕДОНИЈА – ОД ПЕРСПЕКТИВА НА ДЕЦАТА

Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија

ПРЕДГОВОР Извештајот пред вас е дело на тим од деца, на возраст од 12 до 17 години, кои ја прифатија поканата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши за учество во процесот на неговата подготовка. Овие ученици и нивните училишта беа дел од активностите на Детската амбасада Меѓаши во рамките на проектите Да ги земеме правата во наши раце, Зајакнување на способностите на децата за превенција од насилство и Програмата за мировно образование, преку кои се имаа стекнато со клучни познавања за детските права. Процесот на подготовка на извештајот беше организиран во две фази: фаза на истражување и фаза на пишување на извештајот. Во текот на фазата на истражување (мај-јули 2020 година) беше дизајниран и спроведен прашалник за состојбата со правата на децата, со што беа обезбедени сеопфатни податоци за повеќе аспекти од животот на децата во државата, проблемите со кои децата се соочуваат и работите кои тие сметаат дека треба да се подобрат. Прашалникот беше дисеминиран онлајн на македонски и албански јазик, а го пополнија 1 077 деца ширум државата на возраст од 12 до 17 години. Во дизајнирањето пилотирањето и спроведувањето на прашалникот учествуваа вкупно триесет ученици од 11 основни и средни училишта од Велес,1 Виница, 2 Гостивар, 3 Дебар4 и Скопје.5 Тринаесет ученици од оваа група одлучија да се вклучат во следната фаза – пишувањето на извештајот. Повеќе информации за истражувањето можете да најдете овде. Во втората фаза од процесот (јули − октомври 2020 година), беа одржувани континуирани онлајн средби и работилници со децата, со цел унапредување на нивните знаења за Конвенцијата за правата на детето и процесот на известување пред Комитетот за правата на детето при ООН.

Повеќе...


АНАЛИЗА НА НАОДИТЕ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО ЗА СОСТОЈБАТА СО ПРАВАТА НА ДЕЦАТА ВО МАКЕДОНИЈА
Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија

 

PDF...

 

 



Скопје, 07.08.2020 година


Во период од 22.07.2020 година до 03.08.2020 година, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ спроведе квантитативно онлајн Истражување за ставовите и искуството на родителите/старателите за методите на организирање на образовниот процес на децата за учебната 2020/2021 година.

Цел на анализата е да се согледаат ставовите, мислењата и препораките на родителите, бидејќи сметаме дека е клучно истите да бидат земени предвид при носење било какви одлуки во однос на одвивањето на образовниот процес на децата од септември, 2020 година. Генерално земено, резултатите покажуваат дека иако родителите/старателите имаат различни ставови по прашањето за каков тип на настава се од септември, карактеристична е заедничката грижа за здравјето на децата. На сите, без оглед дали наставата ќе биде онлајн или во училиште или комбинирана...најважно им е децата да се здрави и сигурни. 

Истражувањето беше реализирано врз основа на Анкета - спроведена на национален репрезентативен примерок, по случаен избор, преку интернет, во периодот од 22.07.2020 до 03.08.2020, и истата го опфати мислењето на 1003 испитаници.

Квантитативното онлајн Истражување за ставовите и искуството на родителите/старателите за методите на организирање на образовниот процес на децата за учебната 2020/2021 година, даде резултати кои претставуваат еден вид глас и пораки од родителите и старателите на децата вклучени во основното и средното образование. Во рамки на истражувањето се добија оформени квантитативни и квалитативни оцени за: ставовите и мислењата  на родителите/старателите за приоритетните потреби и интереси на децата во контекст на образовниот процес во новата учебна 2020/2021 година; ставовите и искуствата на родителите/старателите на децата-учениците во основното и средното образование во РМ поврзани со одвивањето на наставата од далечина во периодот март – јуни, 2020 година; за ставовите и очекувањата на родителите/старателите за начините и методите на вклучување на нивните деца во образовниот процес во новата учебна 2020/2021 година. Воедно се обезбедија соодветни информации и препораки, формулирани врз основа на индикативните наоди кои можат да послужат на чинителите и носителите на одлуки во образовниот процес, како поддршка во донесувањето на одлуки за методите на организирање на образовниот процес на децата во новата учебна 2020/2021 година; при тоа приоритетно акцентот треба биде на потребите и интересите на децата.



PDF



ЗАЕДНО ДОМА – ПЛАТФОРМА ЗА РОДИТЕЛИ/СТАРАТЕЛИ И СИТЕ КОИ СЕ ГРИЖАТ ЗА ДЕЦАТА ВО ПЕРИОДОВ НА КОРОНАВИРУСОТ

ПРИДРУЖЕТЕ СЕ, ОВА Е ОДЛИЧНА МОЖНОСТ ЗА КРЕАТИВНИ ИДЕИ КАКО ДА ГО МИНЕТЕ ВРЕМЕТО СО ДЕЦАТА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА.


 https://www.facebook.com/groups/332016164425472/

 

 



ПОЗИТИВНА ДИСЦИПЛИНА И ПОЗИТИВНО РОДИТЕЛСТВО/СТАРАТЕЛСТВО

Секој дом е универзитет, и секој родител е професор. – Махатма Ганди 

PDF


 
 


Извештај за состојбата на правата на децата во РМ

Извештајот за состојбата на правата на децата во Република Македонија е подготвен од страна на Македонската национална коалиција на НВОи за правата на децата (неформална коалиција) која ја сочинуваат 14 граѓански здруженија и една коалиција на граѓански здруженија.

повеќе...

Во најновиот број на електронскиот информатор на Амбасадата БУШАВКО бр 42 (Декември 2011 - Мај 2012) можете да ги прочитате следните содржини:
1. 20 Години Прва детска амбасада во светот - Меѓаши 2. Педофилија 3. Семејно насилство 4. Деца на улица 5. Насилство меѓу младите 6. Мировно образование 7. Трговија со деца 8. СОС телефон за деца и млади 0800 1 2222 9. Од дом на свое 10. Политичка злоупотреба на деца 11. Мониторинг, застапување и лобирање 12. Одржливост и промоција

повеќе...

ИНТЕРВЈУ СО ДРАГИ ЗМИЈАНАЦ, ПРВИОТ ЧОВЕК НА ПРВАТА ДЕТСКАТА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ
Доживотен затвор и хемиска кастрација за педофилите! ВЕЧЕР вторник, 22 мај 2012 Бр. 14996 НОВИНАРИ Стефан Рашковски и Огнен Чанчаревиќ Драги Змијанац е на чело на Детската амбасада Меѓашии веќе неколку години и на себе го има преземено товарот да се бори за правата и заштитата на децата во Македонија. Со својот тим и скромните ресурси и законски алатки кои ги има на располагање успеа да ја смени свеста на јавноста во државата и да ги убеди и едуцира децата дека имаат свои права и дека секогаш има кој да ги заштити

повеќе...

Прес конференција по повод Извештајот за состојбата со правата на децата во Република Македонија
Денес, Македонската национална коалиција на невладини организации за правата на детето (неформална коалиција) , координирана од Првата детска амбасада во светот Меѓаши, во просториите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши (ул.„Коста Новаковиќ“ 22а, Скопје) се организира прес конференција со цел да го презентира Извештајот за состојбата со правата на децата во Република Македонија подготвен од група на невладини организации кој се однесува на периодот од јуни 2010 до декември 2011 година.

повеќе...

Високите казни не можат да ги запрат педофилите
Скопје, 9 мај - Деновиве треба да профункционира регистар за педофили, кој треба на интернет да ги прикаже осудените педофили од Македонија. Министерството за труд и социјална политика подготви листа од седумдесетина педофили, кои граѓаните ќе можат да ги видат преку интернет, преку страницата: www.stop-pedofilija.org.mk. Таму ќе бидат објавени фотографии, имиња и презимиња на осудените педофили. На страницата , можат да се најдат поуки, совети и насоки за жртвите И за нивните родители.

повеќе...

ДЕТСКАТА АМБАСАДА МЕЃАШИ - 20 ГОДИНИ РАСТЕШЕ СО ДЕЦАТА
Децата нe препознаа и ни ја доверија потребата да ги заштитуваме и да ги застапуваме. Проговоривме јавно за многу проблеми со кои тие се соочуваат и ја издигнавме јавната свест за значењето и неопходноста од почитувањето на правата на детето На прославата беше презентиран документарниот филм „20 години прва детска амбасада во светот – Меѓаши“

повеќе...