Политика за заштита на децата

 

PDF...

 

Прилози кон политиката за заштита на децата

PDF...



ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ 30 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022 – 30  ГОДИНИ БОРБА ЗА ПОПРАВЕДЕН СВЕТ ЗА ДЕЦАТА 1992-2022 (кратка верзија)



Детска амбасада МЕЃАШИ

30 години

„Сите идеали на светот се побезначајни од солзите на едно дете!“ - Достоевски

Децата се посебен народ. Децата не се национални и верски војсководци. Тие се еден народ, кој никогаш не извел револуција или контрареволуција, ниту пак повел војна. Децата не се ни класно ни национално прашање: децата се прашање над сите прашања. Тие се народ кој најмногу страда во воените судири и човековите трагедии. Децата се само деца

(цитат од Повелбата на Првата детска амбасада во светот)

PDF - 10.423 KB

 




По повод родендеднот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши

Со задоволоство ве покануваме на

Гала донаторска аукција

„ДА ГИ ВРАТИМЕ ДЕТСКИТЕ НАСМЕВКИ ВО МОДА“

Прва детска амбасада во светот Меѓаши организира Гала вечер на 28.04.2022 со почеток во 20.00 часот во Рагуза 360 со цел одбележување на 30 годишниот jубилеj 1992-2022.

Овој настан вклучува и продажна аукција на производи и услуги а прибраните средства од аукцијата и настанот ќе бидат наменети за работата на AloBushavko / СОС линија за деца и млади 070390632, претходно познат како СОС телефон за деца и млади.

Настанот и аукцијата се организираат во соработка со многу компании. На самиот настан се очекуваат повеќе од 300 гости кои ќе може да ја проследат програмата со презентација на достигнувањата на Меѓаши во изминатите 30 години како и презентација на краток филм и монографија и дел од гостите ќе учествуваат на јавната и тивка аукција. По официјалниот дел и аукција следи неформално дружење и забава проследена со музичка програма со ДиЏеј.

 

Цена на билетот е 1000 денари.

Контакт и резервации:
iro@childrensembassy.org.mk
или
02/2465316 и 071399079



Заедно да помогнеме на децата кои живеат во сиромаштија !

Да помогнеме на 50 семејства кои преживуваат ден за ден немајќи средства за обезбедување основни намирници за живот. Да дадеме мал придонес кон ублажување на последиците од сиромаштијата врз децата и семејствата со деца.

Последиците од последните покачувања на цените на прехрамбените и хигиенски производи најмногу ги погодиja семејствата кои живеат во сиромаштија. Претходно тешката состојба во која се наоѓаа овие семејства сега станува неподнослива и нечовечна, борбата за преживување е секојдневна, стравот и стресот уште поголеми, особено кога станува збор за секојдневието на децата во овие семејства. Сите сме сведоци на последиците од глобалната криза произлезена од пандемијата и војните и многумина од нас веќе ја забележуваат разликата во куповната моќ на подинецот и семејствата. Кога инфлацијата и глобалната криза натежнуваат над општествената и онака тешка состојба и кога децата од ризични категории се дополнително материјално обесправени, тогаш од есенцијална важност е филантропијата да се воздигне на највисоко ниво. Првата детска амбасада во светот Меѓаши многупати досега спроведувала активности за подршка на ранливи групи семејства преку обезбедување хуманитарни пакети. Најчесто средствата за овие пакети беа проектно обезбедени или набавени од сопствени извори како економски активности или донации на средства обезбедени од кутии за донација поставени во маркети. Последната ваква активност се случува во моментов на објава на овој повик и сакаме да ја пренесеме состојбата од терен и потребата на овие семејства од ваква поддршка. Станува збор за различни категории семејства со деца, самохрани родители со едно или повеќе деца, семејства со разведени родители, многудетни семејства, семејства со деца со попреченост и други. Современиот начин на комуникација и развојот на технологијата односно во конкретниот случај можноста преку оваа платформа да допреме до повеќе граѓани на еден поинаков начин, ни дава надеж дека можеме во поголем број, заеднички да придонесеме во континуирана поддршката на овие семејства.

Предвидено е секое семејство да добие по еден пакет хигиенски средства и уште еден пакет прехрамбени производи. Пакетите ќе содржат основни намирници од храна, прехрамбени и млечни производи, како и хигиенски средства за лична хигиена и средства за одржување на домот. Со Ваша помош ќе опфатиме 50 семејства корисници на сервисите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши и ќе овозможиме континуирана поддршка за што ни се потребни 150.000 денари.

Донирај




Годишен извештај за работата на СОС-линијата за деца и млади 2021

АЛО, БУШАВКО/СОС-ТЕЛЕФОН ЗА ДЕЦА И МЛАДИ

ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ – РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Резиме на наодите од работата на СОС-телефонот за деца и млади во 2021 година 

И оваа измината 2021 гoдина СОС-телефонот често ѕвонеше. Како генерална забелешка и во овој годишен извештај се наведува малиот број деца кои нè контактирале и од  таа причина неопходно е да се работи на охрабрување на децата и младите да се  јават за да се информираат или за да пријават прекршување на нивните права.

Продолживме со работа во услови на Ковид пандемија со пренасочување на повиците и притоа не направивме никаков прекин во давањето на нашите услуги.

Трендот на продолжување на пријавување  проблеми со остварување на правото на контакт или средби на децата со разведени родители и непочитување на решението од Центарот за социјални работи котира повторно на високото прво место во категоријата проблеми. Податоците говорат дека прекршувањата на правата на детето при бракоразводна постапка е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат децата и нивните  семејства, а ова ни укажува на фактот дека потребно е подобро и поквалитетно  регулирање на семејните односи и поголемо внимание и поддршка од страна на  надлежните институции со цел да се превенираат дополнителни кршења на детските права. Воедно, застапени се проблемите кои се јавувааат при доделување  старателство, како и исплаќање на алиментација. Покрај правото на детето за остварување контак или средби со едниот од родителите, имаме  дојави и за прекршени права на детето за контакт со лица од поширокото семејство (бабата, дедото, тетка, чичко, братучеди...).

Насилството и понатаму претставува реалност за децата во Македонија. Податоците од извештајот покажуваат дека многу деца се во ризик од насилство со што се влијае на нивниот оптимален психофизички развој. Телесното казнување сè уште доминира како начин за воспитување на децата, покрај психолошката трага што тоа ја остава врз децата за цел живот.

Навидум невидливо во однос на другите облици на насилство, емоционалното насилство се случува многу често и е еднакво опасно како и сите други облици.  Спектарот на емоционална злоупотреба е широк, а се случува кога за детето не се води грижа, не се поттикнува на развој, се запоставува, се отфрла, се игнорира, се присилува, се казнува, се спречува да се поврзе со други луѓе од неговото опкружување... Исто така, емоционална злоупотреба е и кога детето е сведок на физичко или друг вид насилство. Во овој годишен извештај не е исклучена ниту сексуалната злоупотреба на децата.

Животните перспективи на децата во Македонија се засегнати заради изложеноста на сиромаштија. Голем број деца со своите семејства живеат на работ на егзистенција, при што нивните детски права се сериозно загрозени. Кога зборуваме за суштински потреби, зборуваме за изложеноста на несоодветни услови за живот кои го попречуваат оптималниот раст и развој на децата. Сиромаштијата им штети на децата и преку негативните ефекти врз нивните семејства со тоа што на децата не им се посветува доволно внимание од страна на родителите кои се приморани да работат по неколку работи и децата често се принудени или ги тераат на питање, со што се  зголемува можноста да станат жртви на најтешки форми на злоупотреба.

Одржувањето на менталното здравје е подеднакво важно како за возрасните, така и за децата. Бракоразводните постапки и несогласувањата меѓу родителите на децата се во најголем број причини за детската вознемиреност и стравот. Исто така, вознемиреноста кај децата може да се јави и како резултат  на големи промени во нивниот живот, како преселба во нов дом, живеење со само еден родител, менување на  училиштето и сл.


Целосен извештај во PDF формат



ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ПРАВАТА НА ДЕЦАТА ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ – ОД ПЕРСПЕКТИВА НА ДЕЦАТА

Во текот на летото и почетокот на учебната година 2021/2022, група деца - ученици во неколку основни училишта од Општина Аеродором, подготвија сеопфатен извештај за состојбата на првата на децата што живеат на територија на Општината. Под менторство на тим од Детската амбасада Меѓаши, децата учествуваа во сите фази – од спроведување анкета за испитување на мислењето на децата што живеат во Општина Аердорм, се до подготвока на Извештајот, базиран на сознанијата добиени од анкета, но и од личното искуство. Освен што ги детектираа состојбите, децата дадоа и свои размислувања како може да биде подобрена состојбата онаму каде што треба, во вид на препораки. Нивната остроумна проникливост на внимателно око и увото што слуша има многу да каже и препорача. Веруваме дека советниците од Општинскиот совет ќе ги прифатат со отворен ум нивните забелешки и сериозно ќе размислат за нивните препораки.

Изразуваме голема благодарност на училиштата кои учествуваа во подготовката на извештајот и назначените координаторки од секое од училиштата за поддршка на учениците во изведувањето на активностите.

Исто така, благодарни сме за довербата и соработката и ја почитуваме отвореноста на Општина Аеродром да прифати ваква иницијатива и да направи важен исчекор што веруваме ќе им даде поттик на останатите локални власти да ги консултираат и најмалите по возраст свои граѓани, особено за прашањата што директно влијаат и ги засегаат децата. Секој граѓанин има своја перспектива и сечија перспектива треба да се слушне!

PDF...



 

АлоБушавко нова веб страна на СОС телфонот за деца и млади

 

Ало Бушавко, новата комуникациска платформа на СОС телефонот за деца и млади, има за цел да понуди нов комуникациски канал за децата и младите – писмена комуникација во живо: чет или преку електронска пошта. Разбирајќи дека не секој сака веднаш да стапи во комуникација Ало Бушавко ќе нуди и поинаква комуникациска поддршка – содржини на различни теми од интерес за децата, младите но и возрасните во кои ќе бидат понудени објаснувања на некоја појава, проблем, причините зошто се појавуваат како и совети и насоки што би можело да се стори.

Платформата сеуште ја уредуваме, но ќе ни значи многу доколку најдете време, ја посетите, разгледате и ќе ни дадете ваши забелешки, предлози и мислење како ви се чини. Особено ќе ни значи мислењето од децата и младите! Посетете не

Ало Бушавко: Твој пријател кога имаш проблем (alobushavko.mk)





Алтернативен извештај  за состојбата со правата на децата во Македонија подготвен од невладините организации

Македонска национална коалиција за правата на детето

Скопје, декември 2020 година

ПРЕДГОВОР

На самиот почеток, за потсетување, Конвенцијата за правата на детето (КПД) беше усвоена од Генералното собрание на ОН на 20.11.1989, стапи на сила на 2.9.1990, а Македонија ја ратификува во 1993 година. Пред вас е Алтернативниот извештај на невладините организации за спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето во Македонија во периодот од 2010 до првата половина на 2020 година. Извештајот е подготвен од неформалната коалиција – Македонска национална коалиција за правата на детето, Коалиција на невладини организации за правата на детето, како и неколку организации кои сè уште не се дел од Коалицијата. Коалицијата е основана и координирана од страна на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, а во неа освен граѓански организации, членуваат и неформални групи.

Во 2010 година, по разгледувањето на вториот периодичен извештај, Комитетот на Обединетите нации за правата на детето ги објави Заклучните согледувања за државата, во кои укажа на сè што е потребно да се преземе за да се унапредат правата на децата во Македонија. По добивањето на заклучните согледувања, Детската амбасада Меѓаши заедно со дел од организациите − членки на Коалицијата, го следеше степенот на примената на препораките од Комитетот, а во текот на 2020 година спроведе онлајн-истражување во кое учество зедоа повеќе од 30 организации и доби податоци кои помогнаа во добивањето на објективна слика за состојбата со правата на детето во Македонија.

Она што го сметаме за посебно важно е дека децата и младите беа активно вклучени во подготовката и спроведувањето на онлајн-истражување од децата за децата, како и во подготовката на посебен Детски алтернативен извештај за состојбата со правата на детето.

Важно е да се истакне дека овој Алтернативен извештај е резултат на повеќегодишните напори на организациите, членки на Коалицијата, во следење на примената на Конвенцијата за правата на детето во Македонија. Освен извештаите кои беа направени претходните години, во овој извештај се вклучени и дополнителни податоци од истражувањата, клучни информации од невладините организации за области во кои државниот извештај не дава доволно податоци за области кои не се опфатени или области кои се опфатени, но според мислењето на невладините организации не во целост точни, како и предлози и сугестии за унапредување на состојбата. Извештајот дава пресек на состојбата со примената на препораките на Комитетот, 10 години по нивното усвојување.

Гордана Пирковска-Змијанац

Прва детска амбасада во светот Меѓаши 

ЛИСТА НА ОРГАНИЗАЦИИ Овој извештај ги отсликува мислењата и ставовите на организациите кои придонесоа за овој извештај. Сепак, не нужно претставува консензус помеѓу организациите во сите погледи или пак детално ги прикажува ставовите на секоја организација. Им благодариме на следните организации и неформални инцијативи кои придонесоа за извештајот:

Асоцијација за демократска иницијатива - АДИ

Асоцијација за правата на деца и младинци со посебни потреби „Ластовица“

Граѓанска иницијатива за Заедничко и одговорно родителство по развод

Движење за чист воздух

Движењето мајкa и дете

Здружение „Емоционално здраво детство“

Здружение за заштита на правата на детето

Здружение за психолошки, дефектолошки и логопедски услуги „Центар Савант“

Здружение „МИР“ −Скопје

Здружение на граѓани за поддршка на маргинализирани групи „Ромски ресурсен центар“ Скопје

Здружение на граѓани за промовирање и зачувување на културните и духовните вредности – Легис, Скопје

Здружение на граѓани РУБИКОН – Скопје

Здружение на родители на деца со ретки невролошки болести (Ретт Синдром, Вилијамс синдром и др.) КОКИЧИЊА − Скопје

Здружение ОД НАС ЗА НАС − Скопје

Здружение Сплотени срца − Штип

ИМПЕТУС - Центар за интернет, развој и добро управување

Клик Акција

Коалиција МАРГИНИ

Коалиција на младински организации СЕГА*

Коалиција „Сите за правично судење“

Македонско здружение на млади правници

Мировна акција / Aksioni Paqësor / Peace Action

Национална алијанса за ретки болести на Р. Македонија - НАРБМ

Отворена Порта-Ла Страда Македонија*

Полио Плус –движење против хендикеп

Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби

Фондација за образовни и културни иницијативи "чекор по чекор"- Македонија

ХЕРА-Асоцијација за здравствена едукација и истражување

Црвен крст на град Скопје

Центар за интеркултурен дијалог

Центар за семејно и детско згрижување - КМОП Скопје

Центар за човекови права АМОС Битола

Повеќе...



АЛТЕРНАТИВЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ПРАВАТА НА ДЕЦАТА ВО МАКЕДОНИЈА – ОД ПЕРСПЕКТИВА НА ДЕЦАТА

Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија

ПРЕДГОВОР Извештајот пред вас е дело на тим од деца, на возраст од 12 до 17 години, кои ја прифатија поканата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши за учество во процесот на неговата подготовка. Овие ученици и нивните училишта беа дел од активностите на Детската амбасада Меѓаши во рамките на проектите Да ги земеме правата во наши раце, Зајакнување на способностите на децата за превенција од насилство и Програмата за мировно образование, преку кои се имаа стекнато со клучни познавања за детските права. Процесот на подготовка на извештајот беше организиран во две фази: фаза на истражување и фаза на пишување на извештајот. Во текот на фазата на истражување (мај-јули 2020 година) беше дизајниран и спроведен прашалник за состојбата со правата на децата, со што беа обезбедени сеопфатни податоци за повеќе аспекти од животот на децата во државата, проблемите со кои децата се соочуваат и работите кои тие сметаат дека треба да се подобрат. Прашалникот беше дисеминиран онлајн на македонски и албански јазик, а го пополнија 1 077 деца ширум државата на возраст од 12 до 17 години. Во дизајнирањето пилотирањето и спроведувањето на прашалникот учествуваа вкупно триесет ученици од 11 основни и средни училишта од Велес,1 Виница, 2 Гостивар, 3 Дебар4 и Скопје.5 Тринаесет ученици од оваа група одлучија да се вклучат во следната фаза – пишувањето на извештајот. Повеќе информации за истражувањето можете да најдете овде. Во втората фаза од процесот (јули − октомври 2020 година), беа одржувани континуирани онлајн средби и работилници со децата, со цел унапредување на нивните знаења за Конвенцијата за правата на детето и процесот на известување пред Комитетот за правата на детето при ООН.

Повеќе...


АНАЛИЗА НА НАОДИТЕ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО ЗА СОСТОЈБАТА СО ПРАВАТА НА ДЕЦАТА ВО МАКЕДОНИЈА
Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија

 

PDF...

 

 



Скопје, 07.08.2020 година


Во период од 22.07.2020 година до 03.08.2020 година, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ спроведе квантитативно онлајн Истражување за ставовите и искуството на родителите/старателите за методите на организирање на образовниот процес на децата за учебната 2020/2021 година.

Цел на анализата е да се согледаат ставовите, мислењата и препораките на родителите, бидејќи сметаме дека е клучно истите да бидат земени предвид при носење било какви одлуки во однос на одвивањето на образовниот процес на децата од септември, 2020 година. Генерално земено, резултатите покажуваат дека иако родителите/старателите имаат различни ставови по прашањето за каков тип на настава се од септември, карактеристична е заедничката грижа за здравјето на децата. На сите, без оглед дали наставата ќе биде онлајн или во училиште или комбинирана...најважно им е децата да се здрави и сигурни. 

Истражувањето беше реализирано врз основа на Анкета - спроведена на национален репрезентативен примерок, по случаен избор, преку интернет, во периодот од 22.07.2020 до 03.08.2020, и истата го опфати мислењето на 1003 испитаници.

Квантитативното онлајн Истражување за ставовите и искуството на родителите/старателите за методите на организирање на образовниот процес на децата за учебната 2020/2021 година, даде резултати кои претставуваат еден вид глас и пораки од родителите и старателите на децата вклучени во основното и средното образование. Во рамки на истражувањето се добија оформени квантитативни и квалитативни оцени за: ставовите и мислењата  на родителите/старателите за приоритетните потреби и интереси на децата во контекст на образовниот процес во новата учебна 2020/2021 година; ставовите и искуствата на родителите/старателите на децата-учениците во основното и средното образование во РМ поврзани со одвивањето на наставата од далечина во периодот март – јуни, 2020 година; за ставовите и очекувањата на родителите/старателите за начините и методите на вклучување на нивните деца во образовниот процес во новата учебна 2020/2021 година. Воедно се обезбедија соодветни информации и препораки, формулирани врз основа на индикативните наоди кои можат да послужат на чинителите и носителите на одлуки во образовниот процес, како поддршка во донесувањето на одлуки за методите на организирање на образовниот процес на децата во новата учебна 2020/2021 година; при тоа приоритетно акцентот треба биде на потребите и интересите на децата.



PDF



ПОЗИТИВНА ДИСЦИПЛИНА И ПОЗИТИВНО РОДИТЕЛСТВО/СТАРАТЕЛСТВО

Секој дом е универзитет, и секој родител е професор. – Махатма Ганди 

PDF


 
 


Извештај за состојбата на правата на децата во РМ

Извештајот за состојбата на правата на децата во Република Македонија е подготвен од страна на Македонската национална коалиција на НВОи за правата на децата (неформална коалиција) која ја сочинуваат 14 граѓански здруженија и една коалиција на граѓански здруженија.

повеќе...

Во најновиот број на електронскиот информатор на Амбасадата БУШАВКО бр 42 (Декември 2011 - Мај 2012) можете да ги прочитате следните содржини:
1. 20 Години Прва детска амбасада во светот - Меѓаши 2. Педофилија 3. Семејно насилство 4. Деца на улица 5. Насилство меѓу младите 6. Мировно образование 7. Трговија со деца 8. СОС телефон за деца и млади 0800 1 2222 9. Од дом на свое 10. Политичка злоупотреба на деца 11. Мониторинг, застапување и лобирање 12. Одржливост и промоција

повеќе...

ИНТЕРВЈУ СО ДРАГИ ЗМИЈАНАЦ, ПРВИОТ ЧОВЕК НА ПРВАТА ДЕТСКАТА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ
Доживотен затвор и хемиска кастрација за педофилите! ВЕЧЕР вторник, 22 мај 2012 Бр. 14996 НОВИНАРИ Стефан Рашковски и Огнен Чанчаревиќ Драги Змијанац е на чело на Детската амбасада Меѓашии веќе неколку години и на себе го има преземено товарот да се бори за правата и заштитата на децата во Македонија. Со својот тим и скромните ресурси и законски алатки кои ги има на располагање успеа да ја смени свеста на јавноста во државата и да ги убеди и едуцира децата дека имаат свои права и дека секогаш има кој да ги заштити

повеќе...

Прес конференција по повод Извештајот за состојбата со правата на децата во Република Македонија
Денес, Македонската национална коалиција на невладини организации за правата на детето (неформална коалиција) , координирана од Првата детска амбасада во светот Меѓаши, во просториите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши (ул.„Коста Новаковиќ“ 22а, Скопје) се организира прес конференција со цел да го презентира Извештајот за состојбата со правата на децата во Република Македонија подготвен од група на невладини организации кој се однесува на периодот од јуни 2010 до декември 2011 година.

повеќе...

Високите казни не можат да ги запрат педофилите
Скопје, 9 мај - Деновиве треба да профункционира регистар за педофили, кој треба на интернет да ги прикаже осудените педофили од Македонија. Министерството за труд и социјална политика подготви листа од седумдесетина педофили, кои граѓаните ќе можат да ги видат преку интернет, преку страницата: www.stop-pedofilija.org.mk. Таму ќе бидат објавени фотографии, имиња и презимиња на осудените педофили. На страницата , можат да се најдат поуки, совети и насоки за жртвите И за нивните родители.

повеќе...

ДЕТСКАТА АМБАСАДА МЕЃАШИ - 20 ГОДИНИ РАСТЕШЕ СО ДЕЦАТА
Децата нe препознаа и ни ја доверија потребата да ги заштитуваме и да ги застапуваме. Проговоривме јавно за многу проблеми со кои тие се соочуваат и ја издигнавме јавната свест за значењето и неопходноста од почитувањето на правата на детето На прославата беше презентиран документарниот филм „20 години прва детска амбасада во светот – Меѓаши“

повеќе...